За нас


 

Анагор е основана во 1974 година. Првата галерија и работилница за изработка на рамки беше лоцирана во непосредна близина на арапска куќа-плоштад Македонија, во 1978 година беше дислоцирана на улица Водњанска-кај Нова Македонија, денес се наоѓа до трговскиот центар Беверли Хилс.


Повеќе од 40 години галерија Анагор е збирно место на најреномираните македонски ликовни творци, место за дискусија и развивање на нови идеи во ликовното творештво, но исто така место на многу колелкционери и љубители на уметноста.


Галеријата има сопствена колекција на уметнички дела од реномирани автори, истата беше изложена во Кочо Рацин-Работнички Центар, во 1980 година.


Имаме најдолга традиција во опремувањето на рамки за слики. Се стремиме секогаш да користиме најквалитетни материјали, и најпрофесионални техники и машини за изработка на рамовите. Но она што не прави различни е тоа што пристапуваме со голема љубов и внимание кон изработката.


Во работилницата од самиот почеток користевме рачно изработени рам профили, од 1994 година користиме и увезуваме индустриски рамки. Денес на наше големо задоволство сме најголемите увозници на рам профили во Македонија, најголемиот дел со потекло од Италија и се стремиме да развиеме дистрибуција на материјалите низ Македонија и Косово. Имаме желба да ги поттикнеме сите оние кои имаат љубов кон оваа професија да стане нивна професионална определба .

 

 

Анагор

Квалитет, креативност, стремеж кон професионален однос и пред се голема љубов кон работата.

Анагор постои на македонскиот пазар од 1974 година.

За нас

Производи

Рамки
Производители од Италија и Србија

Картони во боја
Петерборо, Канада

Останати производи и услуги

Алати, Блинд рам, Платно, Стакло, Огледало, Каширање, Касети...

Уметнички дела

Локација

Галерија Анагор се наоѓа до трговскиот центар Беверли Хилс, населба Капиштец.

Работно време

понеделник - петок:

09:00 - 20:00 часот.

сабота:

09:00 - 14:00 часот.

Контакт

  • Тел:
    (+389) 2 3224 227
  • Моб:
    (+389) 71 257 199
  • Email:
    info@anagor.com.mk
  • Адреса:
    Ул. Народен Фронт бр.21
    Скопје
    Македонија